речник контакт

Штрајкот на железничарите ги оневозможува вработените од регионот на Азот да дојдат на работните места во Велес, оти нема ниту автобуски превоз

Патувањето од Богомила, Теово, Согле до работа и назад до Велес е можно само со сопствен превоз

Петар Печков

Жителите на регионот на Азот, општина Чашка, мака мачат да стигнат до нивните работни места. Откако од минатиот петок вработените во МЖ штрајкуваат за неисплатени плати,  возовите сопреа, прекината е и врската со Велес, оти редовна автобуска линија на ова релација нема.  Патувањето  од Богомила, Теово, Согле до работа и назад до Велес  е можно само со сопствен превоз.

„Од Богомила до Велес и назад се 100 км. или еден автомобил троши 900-1000 денари. Пет дена патуваме  но не можеме секојдневно. Некои од нас остануваат кај роднини, колеги. Но така не се функционира. Штрајкот на железничарите нас не чини многу скапо“- велат жителите кои се приморани да патуваат до Велес и назад на работа а живеат во селата од Азот.

Тие работат во Колска, Брако, Македонски пошти... Додаваат дека не е само овој штрајк така. Секој прекин на работата на железничарите тие го чувствуваат по сопствениот џеб, оти железницата  е единствената врска кон светот.

Штрајкот на машиновозачите започна во петокот 25 август  попладне и седум дена подоцна уште е активен. Тие бараат исплата на втората половина на плата за месец јули. Поради тоа што има железнички превоз, никогаш не заживела локална автобуска линија Богомила -Велес и назад а автобуските превозници немаат економски интерес да ја одржуваат.

„Сите прашуваат зошто се бојкотира, а никој од менаџерскиот тим не дава објаснување зошто нема плата. Крајно време е одговорноста за нефункционалноста и пропаста на железницата да ја преземе менаџерскиот тим. Доста покажуваат со прст кон нас, крајно време е да го свртат прстот кон себе за состојбата во која не донесоа„“ - вели Тони Димовски, претставникот на машинскиот и извршниот персонал при МЖ АД Транспорт.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »