речник контакт

Штрајкот на железничарите прекинат, платите исплатени, од попладнево возовите повторно сообраќаат

Штрајкот траеше 12 дена

Петар Печков

Штрајкот на македонските железничари е прекинат и според најавите првиот патнички воз кој требаше да тргне е тој за Битола, кој од железничка станица Скопје, поаѓа во 14,30ч. 

И натаму останува одлуката за брзината на возење на делницата Скопје –Велес од 20 км/ч. Во текот на вчерашниот ден откако беше исплатена втората половина од февруарската плата на вработените на МЖ Транспорт по што претседателот на Синдикатот на машиновозачи Тони Димовски најави дека од утрово ќе започне да функционира железничкиот сообраќај. Но прекинот продолжи, оти втората февруарска половина од плата не ја земале вработените во МЖ Инфраструктура па возовите и натаму не беа во сообраќаа.

Откако претпладнево на нивните сметки легнале парите, тие најавија дека го прекинуваат штрајкот и од попладнево тој повторно ќе биде воспоставен. Изминатите 12 дена повеќе фирми од Македонија трпеа поради прекинот на железничкиот сообраќај.

Немаше ниту железнички патнички сообраќај, поради  што  жителите на  неколку велешки села, Белештевица, С`лп, Карабуниште и Лавчани, кои ги користат железничките станици Рајко Жинзифов и Пчиња,  беа отсечени од светот.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »