речник контакт

Шумар земал поткуп од 150 евра

За да сведочи во корист на лице, кое било фатено при кражба на дрвја, шумарот побарал и добил 150 евра.

Петар Печков

СВР Велес  поднесе кривична пријава против лицето Р.Х. (47) од Бузалково вработен во Шумското стопанство “Бабуна“ од Велес, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – примање поткуп.

Пријавениот со цел да се стекне со противправна имотна корист побарал од лицето Б.П. од Велес сума од 150 евра за да сведочи во негова полза во судски процес кој што се води во Основниот суд Велес и во кој против Б.П. имало покренат обвинителен акт за сторено кривично дело кражба.

 Б.П. бил фатен од страна на шумски службеници во бесправна сеча на шума, по што пријавениот Р.Х. контактирајќи претходно телефонски со Б.П., се сретнале ,во кафеаната “Хајдук“, кај велешката автобуска станица, и му побарал 150 евра за да сведочи во негова корист во посочениот случај.

Откако Б.П., кој инаку работел во Скопје, преку негов роднина го пријавил случајот во СВР Велес, од страна на полицијата на братучедот на Б.П. му се дадени технички обработени 150 евра.

Овој пак, по претходен договор со Р.Х. се сретнале, на 16.03,  во бифето “Ламбада“ во Велес и му ги предал парите на пријавениот. Набргу Р.Х. е приведен во СВР Велес и при претресот кај него се пронајдени технички обработените пари, една банкнота од 100 евра и една банкнота од 50 евра. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »