речник контакт

Шумско стопанство ,,Бабуна,, демантира

За вистинитоста на стореното, надлежно е велешкото Јавно обвинителство, кое преку истрага треба да се произнесе по поднесените кривични пријави, дали ќе се отфрлат или ќе се гонат пред надлежен суд

Петар Печков

По вчера објавената информација од МВР за поднесени кривични пријави против пет лица од ШС Бабуна, меѓу нив и раководителката, реагираат од страна на   ЈП „Национални шуми" - Подружница „Бабуна". Но тие не ја демантираат содржината на информацијата од МВР, туку погрешно пренесена информација, со што  се нанесувала директна штета на работата на ЈП „Национални шуми" - Подружница „Бабуна" Велес и на раководителката на подружницата.

,,Според постоечката документација ве информираме вас и јавноста дека се работи за превземени дејствија, меѓу кои и сечење на гранки и стебла, во пречник што претставува опасност од водовите низ кои што поминува електрична енергија а се потенцијална можност за предизвикување на пожари. Тоа е востановена процедура на правните лица МЕПСО и ЕВН.

Од страна на Подружницата „Бабуна" Велес, во овој случај, се констатирани 6,4 мЗ исечени огревни дрва под далноводот кои се уредно евидентирани и за нив се информирани сите надлежни државни институции меѓу   нив и  Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

По добиени инструкции подружницата ,,Бабуна" во Велес постапи согласно Законот за шуми и Одлука на Владата со број 19-1751/2 од 28.02.2017 година според која се обрати до МЕПСО и ЕВН и ги информираше за превземање на неопходна постапка во која ќе побараат дозвола за сечење на гранки и стебла од дрва под електрични водови кои се опасност за предизвикување на пожар.

Постапувањето на двете правни лица, ЕВН и МЕПСО, ја создаде количината од 6,4 мЗ гранки и дрва нои потоа Подружницата „Бабуна" мораше да ги отстрани за да спречи уште поголема опасност од предизвикување на пожари.

На крајот од демантот ЈП "Национални шуми" Подружница "Бабуна" Велес",велат не се работело  за кривичните дела  бесправна сеча и за злоупотреба на исечено дрво или пак за несовесно работење на  нивни вработени, што е констатација на МВР не на авторот на тексот. Затоа останува прашањето кого демантираат, полицијата која ги поднесува кривичните или авторот кои ги пренесува инфорамциите.   

Бидејќи  ЈП „Национални шуми" - Подружница „Бабуна" Велес  демантира погрешно пренесени информации, еве ја интегрално информацијата која вчера МВР ја објави. 

,,СВР Велес поднесе кривична пријава против Љ.П.(54) во Велес, Р.Х.(55) од село Бузалково, Р.А.(30) од Велес, Д.П.(44) од Велес, С.П.(35) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во текот на јули 2018 година во атар на село Сулаклари (Сујаклари з. на а.), велешко, второ и третопријавениот, како шумочувари во Шумско стопанство „Бабуна“ – Велес, пронашле бесправно исечени огревни дрва. По ова, првопријавената, како раководител на Шумско стопанство „Бабуна“ - Велес, спротивно на Законот за шуми, не го известила државниот инспектор за шумарство и ловство за пронајдената дрвна маса, а четврто и петтопријавениот, како магационери во Шумско стопанство „Бабуна“ - Велес, му издале испратници на трето лице за превоз на дел од пронајдената дрвна маса, додека второ и третопијавениот со пропуштање на должен надзор го овозможиле тоа. Исто така, пријавените му го вратиле претходно одземениот трактор на Д.П., кој на 10.07.2018 година на наведената локација, од страна на вработени во Шумска полиција Велес, бил затекнат како врши утовар од наведената бесправно исечена дрвана маса, без соодветна документација,,.

За вистинитоста на стореното надлежно е велешкото Јавно обвинителство, кое преку истрага треба да се произнесе по поднесените кривични пријави, дали ќе се отфрлат или ќе се гонат пред надлежен суд. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »