речник контакт

отворена изложба на Симон Шемов од рачно изработена хартија

Авторот се претстави со 21 дело од вкупно 139 дела кои во септември годинава веќе беа изложени во Националната галерија на Македонија, во Мала станица во Скопје.

Петар Печков

Во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Народниот музеј од Велес, а на иницијатива на Министерството за култура синоќа во Ликовниот салон во Велес беше отворена изложба на професорот Симон Шемов од рачно изработена хартија.

Авторот се претстави со 21 дело од вкупно 139 дела кои во септември годинава веќе беа изложени во Националната галерија на Македонија, во Мала станица во Скопје.

Во отсуство на авторот од здраствени причини, изложбата ја отвори Ната Кецкаровска од Дирекцијата за култура и уметност од Скопје и Петре Костов директор на Народниот музеј од Велес.

Ова е исклучително интересна изложба која вреди да се погледне затоа што проф. Шимов делата ги создава од рачно изработена хартија за која самиот ги собира материјалите и ја подготвува хартијата и потоа создава една композиција, нагласи, Кецкаровска.

Шемов е исто така и претседател на невладината организација „Медцел“ која вклучува изработувачи на ориентална и европска рачно изработена хартија а досега има објавено и еден научен труд и едно универзитетско помагало за медиумот целулоза. Инаку, изложбата е дел од проектот „Кич да или не‘‘ кој се реализира веќе четвртта година од страна на Дирекцијата за култура и уметност од Скопје иницирана од Министерството за култура.

Целта, вели Кецкаровска, е вистинската уметност освен во Скопје да се презентира и во останатите градови во Македонија.

Оваа изложба освен во Скопје беше претставена и во Штип,Кавадарци,Битола и Прилеп, а по Велес ќе биде изложена и во Куманов

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »