речник контакт

„Јас сум од Титов Велес“

Најновиот филм на Теона Митевска „Јас сум од Титов Велес“

Аница Солева

Заокружена финансиската конструкција на најновиот филм на Теона Митевска. Напролет ќе стартува снимањето на \'Јас сум од Титов Велес\" Филмот на Теона е првиот македонски филм што ја доби поддршката на Фондот за јужна кинематографија при француското Министерство за надворешни работи Македонската филмска пролет, како што овој период во македонската кинематографија го нарекува министерот за култура, Благоја Стефановски, се збогатува со уште едно дело. \"Јас сум од Титов Велес\", филм во режија и сценарио на Теона Митевска, го заокружи својот буџет во висина од 1.300.000 евра и почнува да се снима на 24 април наредната година. Последната финансиска подршка филмот ја доби од Фондот за јужна кинематографија при француското Министерство за надворешни работи. Висината на добиениот грант изнесува 130.000 евра, но она што е уште позначајно е фактот дека \"Јас сум од Титов Велес\" е првиот македонски филм кој ја добива подршката на овој фонд. \"Помошта од Фондот за јужна кинематографија е добиена по ригорозното проучување на околку стотина филмови од светот. Комисијата одлучи да го финансира овој филм, токму поради квалитетот\", рече амбасадорот на Франција во Македонија, госпоѓата Вероник Бижон - Баре, на прес-конференцијата која по овој повод беше одржана во Францускиот културен центар преку кој се аплицира за овој грант. Според амбасадорката, успехот на овој филм е заслужен, бидејќи третирањето на една тематика како што е социјалната криза во една земја во транзиција е навистина деликатно и тешко. Филмот говори за три сестри од Велес кои живеат во хаосот на пост-социјалистичката транзиција. Приказната се гледа низ очите на Афродита, жртва на себичноста на двете сестри: едната која веќе девет години е на метадонска терапија и која се наоѓа во очајничка потрага по сопруг кој би ја одвлекол од мизеријата, а другата е роб на прагматизнот, подготвена на сў за да стигне до посакуваната цел. \"Јас сум од Титов Велес\" ќе се снима осум недели на локации во Македонија, а постпродукцијата ќе се работи во Франција, Германија и Словенија. Токму овие земји, покрај Македонија, се јавуваат како копродуценти на филмот. Инаку, ова е третиот македонски филм, по \"Контакт\" и \"Караула\", кој доби подршка и од европската филмска фондација \"Еуроимаж\". \"Не беше лесно да се соберат сите овие средства од копродуценти, но работевме напорно, и се надевам дека ќе успееме да го реализираме она кое го замисливме\", рече актерката Лабина Митевска. Таа е дел од кастингот на филмот на кој се работи токму во овој период. Засега е познато дека покрај Лабина, во филмот ќе глумат и Петар Мусевски и Јовица Михајловски. Директорка на фотографијата на филмот ќе биде Вержини Сент Мартин од Белгија која има работено на повеќе од 30 значајни филмови од европската продукција како: \"Жената на Жил\", \"Пердуви на мојата глава\", \"Љубовна афера\", \"Тангото на Рашевски\" и други. Она што преостанува, по заокружената финасиска конструкција на филмот и по конечното дефинирање на креативниот тим, како што рече режисерката Теона Митевска, е да се направи еден навистина добар филм. А верба во филмот има министерот за култура, Благоја Стефановски, кој рече дека и покрај ограничените финанмсиски средства \"Македонија станува лидер на Балканот за филм\". Во овој контекст, тој се заблагодари за укажаната подршка која конкретниов филм ја доби од Франција. Инаку, Фондот за јужна кинематографија е еден од најпрестижните филмски фондови во Франција основан во 1984 година од страна на тамошното Министерство за надворешни работи и Министерството за култура и комуникации. Фондот е насочен кон кинематографиите на Африка, Азија, Латинска Америка и централна и источна Европа. Значајно е тоа што покрај помагањето во снимањето на филмовите, фондот помага и во развојот и промовирањето на многубројните национални кинематографии. Од својот почеток до денес, овој фонд има доделено повеќе од 300 грантови. Некои од нив имаат добиено и големите режисерски имиња како иранецот Маклабаф или Валтер Салес, додека од регионалните проекти подршката на овој фонд ја имаат добиено филмовите \"Гори варта\" на Пјер Жалица од Босна и \"Слогани\" на Џорџи Џувани од Албанија. \"Јас сум од Титов Велес\" е филм за кој продуцентската куќа \"Сестри и брат Митевски\" беше подржана од европскиот Медиа програм за развој на сценарио. Тие добија грант и од фондот \"Глобална филмска иницијатива\" од Њујорк, проектот беше дел од \"синелинк\" програмата на Сараевскиот филмски фестивал во 2004 година, а исто така беше претставен и на двата престижни маркети: \"Синемарт\" во Ротердам и \"Париз Проџект 2005\". Извор:[url=rss.utrinski.com.mk/?pBroj=1960&stID=58852&pR=5]http://rss.utrinski.com.mk/?pBroj=1960&stID=58852&pR=5[/url]

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »