речник контакт

„Алкохолот е лош сопатник-не пиј кога возиш“ – превентивна активност на СВР Велес

Полициските службеници им укажуваа на учесниците во сообраќајот за штетното и опасно дејство на алкохолот врз способноста за управување со моторно возило

Петар Печков

Hа повеќе локации во Велес реализирана е превентивна активност под мотото - „Алкохолот е лош сопатник- не пиј кога возиш“.

„Целта на активноста беше преку непосредна комуникција со возачите, полициските службеници уште еднаш да апелираат и да им укажат на учесниците во сообраќајот за штетното и опасно дејство на алкохолот врз способноста за управување со моторно возило, а сето тоа за подигање на свеста кај граѓаните за одговорно учество во сообраќајот пред се преку целосно почитување на сообраќајните правила и прописи“ - соопоштија од МВР.

На возачите воедно им бил поделен и едукативно-информативен печатен материјал изработен во соработка со РСБСП.

Активноста е реализирана од Отсекот за превенција при СВР Велес во соработка со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес.

фото МВР

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »