речник контакт

„Алкохолот и воланот не се добар пар“ – превентивна активност на СВР Велес

Cвесностa кај возачите, да не управуваат возила под дејство на алкохол, бидејќи тој сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности на возачите

Петар Печков

На неколку локации во Велес реализирана е сообраќајна превентивна активност под мотото - „Алкохолот и воланот не се добар пар“.

„Целта на активноста беше да се подигне свеста на граѓаните и степенот на безбедносна култура, притоа потенцирајќи им на возачите дека е неопходна максимална внимателност за да се зголеми нивото на безбедност во сообраќајот. Посебен акцент на денешната активност беше ставен на потребата за свесност кај возачите, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности на возачите и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот“ - сооптшија од МВР.

Воедно, на граѓаните им било посочено дека управувањето на моторно возило под дејство на алкохол нема да биде толерирано, а законските санкции во такви случаи ќе бидат доследно и неселективно применувани.

Во рамки на активноста беше поделен печатен едукативен материјал изработен од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Активноста е реализирана од  полициски службеници на Отсекот за превенција и од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »