речник контакт

„Велес град на културата 2005“ награден со 150.000 евра

Проектот „Велес град на културата 2005“ со кој Општина Велес аплицираше на конкурсот Награди за општините распишан од ЕУ и Владата на Република Македонија е избран за еден од трите најуспешни проекти во Македонија.

Аница Солева

Проектот „Велес град на културата 2005“ со кој Општина Велес аплицираше на конкурсот Награди за општините распишан од ЕУ и Владата на Република Македонија е избран за еден од трите најуспешни проекти во Македонија. На свеченото доделување во Клубот на пратеници во Скопје, наградата вредна 150.000 евра, на градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски, му ја врачи претставникот на Европската Унија во Република Македонија, Амбасадорот Ерван Фуере. На прес конференцијата организирана по тој повод, градоначалникот Аце Коцевски го потенцираше значењето на проектот „Велес град на културата 2005“ кој успеа да го врати сјајот на Велес како град стожер на македонската култура. Во рамките на проектот, беа организирани вкупно 255 културни манифестации и содржини. Воедно, Коцевски упати јавна благодарност до Министерството за култура за изборот на Велес за град на културата 2005 како и до сите уметници, институции, здруженија на граѓани, претставници на бизнис секторот, медиумите и сите поединци кои со своето залагање придонесоа за успешна реализација на проектот. Според образложението на наградата, Проектот Велес град на културата е избран како една од најуспешните практики во Република Македонија поради неговиот иновативен приод во децентрализацијата на надлежностите во областа на културата на локално ниво и неговото влијание врз општествениот и културниот развој на општината. Во рамките на Наградата за општините, проектот „Локален економски развој и поддршка на малите и средните претпријатија“ што Општина Кавадарци го реализираше во соработка со општините Росоман и Демир Капија е награден со 250.000 евра, а проектот „Реконструкција на улицата Македонија“ на Општина Центар со 100.000 евра. Средствата од наградата се наменети за реализација на инфраструктурни проекти за чија имплементација набавките ќе се вршат во согласност со правилата на Европската Унија. Во рок од 1 месец Општина Велес треба да предложи проект кој ќе биде реализиран со средствата од Европската Унија. Извор: [url=veles.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=228&Itemid=19]veles.gov.mk[/url]

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »