речник контакт

„Велешкото културно лето“ заврши предвреме

Поради актуелната состојба со Ковид-19 и ново донесените мерки и протоколи за заштита и ширење на вирусот настаните времено се одложуваат

Петар Печков

Сите најавени содржини, до крајот на месец август, во рамките на манифестација „Велешко лето 2021“ се откажани .Ова го соопшти организаторот Општина Велес.  

„Поради актуелната состојба со Ковид-19 и ново донесените мерки и протоколи за заштита и ширење на вирусот од страна на Комисијата за заразни болести при Владата, сите настани кои се дел од „Велешко лето” 2021, времено се одложуваат“ - соопштија од локалната власт.

Со програмата беа предвидени седум концерти и две изложби. Исто така се одложуваат традиционалниот „Турнир во мал фудбал” и 17-тото издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес” 2021,

Сите одложени настани и манифестации од Општина Велес најавуваат дека ќе се организираат „во период до крајот на годината кога ќе бидат создадени услови, во формат, соодветен на условите“.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »