Петар Печков
Објавено: среда, 12 февруари 2025
На вчера поставеното прашње од ТрМр до локалната власт, а по најавите дека е избран изведувач на градежните работи за подемната гаража на платото пред Основен суд Велес, одгворот стигнa денес.
„Договрот за изградба на подземната катнма гаража е потпишан денеска, 12.02.2025 година. Носител на договорот на јавната набавка е фирмата ДЕЛТА ПРОМ од Велес“ – соопштија од Општина Велес.
Но поради можноста при изградбата да се усложни уште повеќе и онака сообраќајниот метеж во центарот на градот, на ул. Гоце Делчев, изградбата ќе започне кога ќе се пушти мостот на Башино село.
„Но пред да се започнат работите на подземната гаража потребно е да се пушти мостот на Башино Село. Добро е да се почека пуштањето на мостот, па после градежните работи на гаражата. Може и подземните води ќе се повлечат, оти со градбата влегуваме 13 метри подземја. Во февруари ќе аплицираме до Владата за финансирање на втората фаза, плоштадот, горниот дел од проектот“ – кажа градоначалникот Марко Колев.
Претходно тој објасни дека засолништата кои се таму нема да се „чепкаат, ќе останат бидејќи тие се законска обврска да постојатм како и сите дуќани во приземјето пред Основен суд Велес.
Tweet |