речник контакт

„Дуна2“ со светска премиера и во киното во Велес (видео)

Оваа недела новата холивудска ѕвезда Тимоти Шаламе со две филма во 3Д киноверзум. Премиери и на два анимирани филма „Дружина од џунглата- 2, светска турнеја“ и „Кучиња во операта“

Петар Печков

Седум филмови на репертоарот на 3Д киноверзум во Велес наредните седум дена, од нив три се премиери, два од нив се цртани.

Долго очекуваниот и најавуван блокбастер „Дуна2“ заедно со светската премиера се прикажува и во Велес.  Придружете му се на Пол Атреидс во потрага по одмазда додека тој повторно се обединува со Чани и Фремен во филмско ремек дело кое ќе ве остави без здив.  Последната битка се приближува додека Пол и Чани се подготвуваат за крајната пресметка. Дали љубовта или судбината ќе триумфираат? Пол Атреидис се обединува со Чани и Фременците додека е на воена патека за одмазда против заговорниците кои го уништија неговото семејство. Соочувајќи се со избор помеѓу љубовта на својот живот и судбината на универзумот, тој се труди да ја спречи ужасната иднина што само тој може да ја предвиди.

Анимираниот „Дружина од џунглата- 2, светска турнеја“ е француско производство.  Злобниот дабар ја покрива џунглата со опасна розова материја која експлодира кога ќе дојде во контакт со вода. Со приближувањето на сезоната на дождови, тимот од животни мора да побрза да го најде противотровот. 

Премиера  и  рускиoт цртан филм, „Кучиња во операта“ синхронизиран на македонски. Комичната авантура сместена во Метрополитен операта на почетокот на 20 век нè запознава со уличното куче Самсон, кое обидувајќи се да се скрие од ловот на шинтерите, пристигнува во една од најпознатите оперски куќи во светот. Таму ја запознава Марго, куче кое е во сопственост на познатата примабалерина на театарот, Анастасија. Приказната се вжештува кога од соблекувалната ќе исчезне уникатната тијара која и припаѓа на британската кралица и која Анастасија мора да ја носи за време на четвртиот чин на балетот. За да не го откажат балетот, Самсон и Маргот мораат да го најдат крадецот и да го спасат денот предвиден за звуците на големиот Жорж Бизе.

Трка за слава: Ауди против Ланчиа - италијанско- британска копродукција инспириран од вистински настани. Audi и Lancia ги запалуваат рели патеките во жестока битка за превласт,кој е подобар. Релито е како војна а возачот како командант.

Јапонскиот цртан филм  Танџиро се бори со своите внатрешни демони и надворешни непријатели под строго водство на Стоун Хашира Химеџима, се за да стане Хашир.

Меѓу најгледаните филмови во светот три недели по ред е американскиот филм Дакота Џонсон  филм базиран на стриповите на Марвел, со супер херои. „Дакота Џонсон“ е Мадам Веби која ја гледа иднината. Касандра Веб е болничарка од Њујорк, која почнува да покажува знаци на видовитост. Принудена да се соочи со откритијата за нејзиното минато, таа мора да заштити три млади жени од мистериозен противник кој  ја сака нивна смрт.

Филмот „Вонка“е меѓу нагледаните во светот неколку месеци  и натаму го привлекува вниманието на публиката.   „Вонка“, музички СФ филм, бајка. Базиран на неверојатниот лик од приказната Чарли и чоколадната фабрика, Вонка ја раскажува приказната за најдобриот изумител, магионичар и чоколатиер и како тој се претворил во Вили Вонка.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »