речник контакт

„Жито“ со нов маркет во Превалец

Предноста на овој маркет е што во себе вклучува и пиљара Фрутленд

Петар Печков

Во населбата Превалец, „Жито маркети“ претпладнето отворија нов маркет  Тој  е со површина од  160 м2, со две наплатни каси и овозможи десетина нови вработувања. Предноста на овој маркет е што во себе вклучува и пиљара  Фрутленд (Friutland), со што потрошувачите секојдневно ќе имаат на избор свежо овошје и зеленчук.

„Ова е уште еден чекор што ја следи развојната политика на Жито маркети. Секаде каде што ќе се укаже можност, ние ќе се обидеме да дојдеме сè поблиску до нашите потрошувачи, без оглед дали станува збор за Велес, за Скопје, за Гостивар или за некој друг град во државата. Наша главна цел е да им се ставиме на располагање на нашите ценети клиенти што е можно поблиску до нивниот дом, нивното маало. Нивната доверба, пак, ја оправдуваме преку професионалната услуга, популарната ценовна политика и широкиот асортиман на производи”, изјави Стојанче Тодороски, дминистративно – технички директор на Жито маркети.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »