речник контакт

„Кралот на гуштерите“ се врати на стариот занает

Криминалецот работи трговија со загрозени животински видови

Петар Печков

Најозлогласениот светски трговец на диви животни се врати на старата работа, открива Ал Џезира, по долга истрага на два континента.

Пред една година, најозлогласениот светски трговец на диви животни, познат како Крал на гуштерите е ослободен од малезискиот затвор. Во текот на долга истрага во Африка и Азија, репортерот на Ал Џезира Стив Чао ексклузивно открива дека Кралот на гуштерите се вратил на старата работа – трговија СО загрозени животински видови.

Доушници велат дека Кралот на гуштерите со години на Мадагаскар набавувал животни со кои тргувал. Екипата на Ал Џезира затоа се обиде да се инфилтрира во неговата криумчарска мрежа во главниот град Антананарива.

Претставувајќи се како потенцијални купувачи, го запознале Марио. Вели дека се занимава со извоз на морски плодови и влекачи.

Два пати апсен

Ансон Вонг е вистинското име на Кралот на гуштерите. Два пати бил апсен поради трговија со најзагрозени светски видови на животни. Отслужил вкупно осум години во американски и малезиски затвор. Пуштен беше лани. Неговите соработници, доушници на Ал Џезира, велат дека не му требало долго повторно да воспостави криумчарска мрежа.

- Дали сте сигурни дека Ансон Вонг и денес криумчари животни, откако лежел во американски затвор? – праша Чао еден од доушниците.

- Да, сигурен сум, целосно сум сигурен. Волкот го менува крзното, но карактерот никогаш – одговори тој. Додека екипата на Ал Џезира помина некое време со луѓе замешани во илегална трговија на диви животни, во Африка и Југозападна Азија повеќе луѓе тврделе дека озлогласениот криумчар се вратил на старата работа.

Најдени докази

Но, екипата морала тоа сама да го докаже. Се упатиле кон имотот на Кралот на гуштерите и неговиот роден град Пенанга во Малезија.

- Во 2010 година, кога полицијата упаднала во овој имјот, пронашла два бенгалски тигри и еден крокодил. Сега се поставува прашањето: Има ли и денес тука животни? – известува Стив Чао.

Сакајќи да ги избегнат чуварите, се провлекле покрај стари кафези и наишле на нови. Во нив имало неколку големи животни. Експерти подоцна им рекле дека се работи за сервали, вид на мачки од Северна Африка.

Во тек на едногодишна истрага, екипата се обидувала да дојде и до потребна документација. Пронашле фиктивни компании и дозволи за извоз. Ништо од тоа не би било можно без согласност на властите.

Корупција нема

Наспроти многу обвиненија за криминални дејности, малезискиот министер за заштита на околината тврди дека смета дека воопшто нема корупција.

- Ако има корупција, мораме со тоа да се позанимаваме – вели со насмевка министерот Г. Паланивел и додава: – Ако некој е корумпиран, морам тоа да го истражам.

По се што дознале, екипата се одлучила да се соочи и со самиот Крал на гуштерите. Вонг не бил расположен да одговара на прашањата. Наскоро се појавиле и неговите соработници, кои се обиделе да го спречат снимањето.

Но, Вонг ниту еднаш не негирал дека се вратил на работата која со години му носела огромна заработка и поради која служел затворска казна.

 текстот е преземен од МИА

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »