речник контакт

„Премиeра на претставата „Мац, мац“ копродукција на велешки театар и Пресврт

Текстот е инспириран од “Мачка на вжештениот лимен покрив” на Тенеси Вилијамс

Петар Печков

Петок вечер нова премиера во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“. Тоа е втора за една седмица. Овој пат  претставата е “Мац,мац” во режија и кореографија на Филип Петковски и ко-продукција на Пресврт,  велешкиот театар  како и германскиот Гете.

„Инспирирана од “Мачка на вжештен лимен покрив” на Тенеси Вилијамс, оваа претстава се служи со главното дејство на драмата само како појдовна точка, но се стреми дополнително да ги развие приказните, ликовите и скриените пораки кои авторот само накусо ги споменува во своето дело. Во текстот на Вилијамс, Меги “мачката”, му се заканува на својот сопруг Брик, дека ќе скокне од покривот, доколку тој продолжи да ја игнорира нејзината љубов за него. Во ова видување, на Меги ѝ се придружува целата фамилија на жешкиот лимен покрив и тие свесно решаваат да се изгорат, бидејќи ако скокнат од покривот, ќе паднат помеѓу “обичните” луѓе од коишто всушност, се плашат“ – велат од велешки театар.

Опседнати со нивниот изглед, социјален статус и богатство, актерите  секојдневно ги слават нивните навидум совршени животи, барајќи удобност во дрогата и алкохолот за да ја надминат грдотијата на светот во кој живеат. Додека континуирано танцуваат за да ја скријат својата болка, ги согледуваме нивните испреплетени врски. Во “Мац, мац” сексуално напалени, налудничави и длабоко вознемирувачки ликови, ја залажуваат мачката да дојде за да си играат со неа, симболизирајќи ја опседнатоста на нашето општество со константната потреба за допамин.

Претставата не се препорачува за лица помлади од 16 години.  

Во претставата настапуваат: Ведран Чешарек- Брик, Ана Јовановска- Меги мачката,Илин Јовановски- Скипер, Васил Зафирчев- Биг Деди, Кети Борисовска- Биг Мама, Филип Христовски- Гупер, Сандра Танчева- Меј.

Режија и кореографија се на  Филип Петковски, музиката е на Мориц Вернер (Германија), сценографијата на  Дардан Жегрова (Косово) и Филип Петковски, костимографијата на Антонија Гугинска Јорданоска и Гордана Божиновска а светлосниот дизајнна  Милчо Александров.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »