речник контакт

„Слуга на двајца господари“ сабота премиерно во велешки театар

Работена по текст на Карло Голдони а во адаптација и режија на Ненад Витанов, во претставата настапува без малку целиот ансамбл на велешки театар

Петар Печков

Сабота вечер е премиерата на комедијата „Слуга на двајца господари“ работена  по текст на Карло Голдони а  во адаптација и режија на Ненад Витанов.  Таа е трета премиера од годишната програма на Министерството за култура на велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,,.  

Претставата е комедија, која зборува на современ јазик, за  проблемите кои се вечни.  Тоа е светот на богатите и сиромашните.  Во животот е социјална драма а во театарот е комедија. Главниот јунак се бори да врзе крај со крај, не месец за  месец, туку ден за ден. Низ неговата приказна  го следиме цело едно општество, што се случува. Претставата е во современ контекст и секој од публиката ќе се пројаде во неа - кажа режисерот Витанов. 

Во претставата настапува без малку целиот ансамбл на велешки театар,  актерите: Самоил Стојановски, Славица Манаскова, Зорица П. Панчиќ, Кристијан Саздовски, Симона Димковска, Жарко Спасовски, Фаик Мефаилоски, Талија Настова, Благојчо Стојанов, Весна Димитрова Бобевски, Кица Ивковска и Јордан Витанов, сценографијата за претставата е на Филип Витанов, костимите на Катерина Чукниева. Димковска и Стојанов се ново ангажирани актери, неодамна вработени во велешки театар и ова е нивна прва ролја во професионален ансамбл. Тие изразија задоволство за приемот во театарот, за улогата што ја добиле. 

Ликот на главниот јунак е тежок лик за играње, бидејќи има многу задачи, многу цели, намери и ми беше огромен предизвик - рече Стојанов.

Прв пат  играм во претстава која е комедија и прв пат играм два лика брат и сестра близнаци. За кратко време треба да менувам два лика, да  се трансформирам  но и да се забавувам - изјави Димковска.    

Ми се погоди,да настапувам во  два врзани текста, во комедии. Сметав дека овој жанр не ми е фах, но  во комедиите во кои настапував добро се пречекав на нозе. За оваа претстава, направивме комедија која ќе има гледаност кај публиката - рече Стојановски. 

Кристијан Саздовски е млад велешанец, кој студира на факултетот за драмски уметности  ЕСРА и ова е негово прво појавување на сцената и тој се заблагодари што е поканет да биде дел од  претставата. 

Искусните актери од театарот во претставата имаме улога на искусни бандити, мислам на мене, Кица и Јордан.  Тука сме за да направиме некоја згода и незгода  - порача Весна Бобевска.  

Зорица Панчиќ сабота вечер, на премиерата  ќе има посебен повод, ќе одбележи 25 години од дипломирањето а токму со оваа претстава дебитирала како професионалец во велешки театар, неколку месеци подоцна. 

Кица Ивковска рече дека лесно ја подготвила претставата, уште на првата проба, играла со жар и големо задоволство. 

„Слуга на двајца господари“ е позната и популарна комедија во историјата на светската драма и театар, напишана во 1746 година како типична комедија дел арте. Дејството е сместено во Венеција, а во основата се актерската импровизација и бурлеската со кои се карикираат личности од сите општествени слоеви.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »