речник контакт

„Спасителот“ изложба на дела на Новица Трајкоски со ликови на Христос

Авторот во Ликовен салон се претставува со 30 дела во масло на платно и акрил на платно

Петар Печков

Вечерва  во Ликовниот салон во Велес  се отвори изложба на слики на ликовниот уметник Новица Трајковски од Скопје. 

Тој се претстави  со триесетина дела од циклусот на портрети  „Спасителот",   слики создадени во последните неколку години од неговото творештво. Насликани се во техниките масло на платно и акрил на платно, со теми од магичното и мистериозното.

„Делата се дел од колекцијата ликовите на Исус Христос, од стотината кои ги имам изработено. Едно е кога се гледаат една по една сликите во ателје а друго е вака коа се сите заедно, претставени на едно место“ - кажа авторот Трајковски.   

„Сликите на Трајковски се исполнети со благородна таинственост, во раскошно изобилство на теолошки теми и содржини. Од секоја слика зрачи духовно и сакрално“ - рече Елица Николовска историчар на уметност.    

Новица Трајковски е роден 1962 година, завршува Факултет за ликовни уметности во Скопје на отсек - сликарство во класата на професорите Димитар Кондовски и Родољуб Анастасов. Член е на ДЛУМ.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »