Наградата Петре Прличко за Мето Јовановски
Мето Јовановски е годинашниов добитник на наградата за животно дело ,,Петре Прличко,, која ја доделува општина Велес, вредна 30 илјади денари и златна плакета
70 години од смртта на Димитрија Чуповски
Димитрија Чуповски е македонски национален деец и борец, силен заштитник и бранител на македонската национална самобитност и посебност, а по поделбата на Македонија во 1913 година, силно се залагал за нејзино обединување и конституирање како национална држава на македонскиот народ.
Пецко - Итар Пејо на 21-ви век
Дарко Марковиќ е годинашниов добитник на признанието за афирмација на македонскиот стрип.На меѓународниот стрип конкурс учествуваа рекордни 122 автори од 32 земји од светот
Американците се враќаат во Стоби
Со грант од 72.600 долари на Амбасадата на САД во Скопје, ќе почне реставрација и конзервација на фреските од базиликата во Стоби, кои датираат од четвртиот век и се најстари во Македонија, која тие ја открија пред 40 години.
Богомилчани го одбранија Стариот камен мост
Тоа што не им успеа на државните институции, да донесат забрана за сообраќај на товарни камиони врз мостот, им успеа на жилите на Богомила со протест
Спомен Костурницата се уништува
Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ во Велес се наоѓа во лоша состојба откако подолго време кровот прокиснува а мозаикот е сериозно оштетен.
25 години Мил Ман по втор пат
Карикатуристот Миле Манчевски по втор пат годинава се претставува пред велешката јавност со негови дела.
Пропаѓа спомен куќата на Коле Неделковски во Војница
Спомен куќата на Коле Неделковски во неговото родно село Војница, велешко, е руинирана, оштетена и опасна за малубројните посетители кои доаѓаат во неа.
Почит за поетот Неделковски, но кога тој почина
Во Македонија 2-ри септември се одбележува како ден на смртта на поетот Неделковски, кој во Софија за да не биде жив фатен од бугарската полиција, се фрлил од петтиот кат на мансардата каде живеел. Во бугарските документи кои се поставени во неговата спомен соба, сите датуми за негова смрт се водат на 1-ви септември 1941 година.
Куќите на Џинот и Касапови, куќи на уметноста
Спомен куќите на Јордан Хаџи Константинов - Џинот и на Касапови во стариот дел на градот се пренаменети во куќи на уметноста, вака решија членовите на општинскиот Совет.
Повторно заживеаја куќите на Касапови и Џинот
Повторно се отворија вратите, десетина дена заживеаја чардаците на старите велешки куќи на Касапови и Џинот каде твореа учесниците на сликарско - копаничарската колонија ,,Папрадишки мајстори 2010,,
АНКЕТА »