Заврши изградбата на гасоводот од Неготино до Битола, природниот гас може да се користи како енергенс од следната година
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски најави дека се работи на проектирање на делниците Свети Николе - Велес, Гостивар - Кичево, Гостивар - Охрид
Се работи на обнова на патниот правец Катланово - Велес (фото)
Како дел до ова градежна активност е и рехабилитација на патниот правец крстосница кај Башино Село до Езеро Младост
Ново возило за дотур на храна во градинките во Велес (фото)
Поставена е нова игровна опрема за три објекти. Останатата се поставува во петте преостанати објекти. Градоначалникот се жали дека директорите од обраозование и култура од блок дотации имаат на сметка 141 милион денари кои не сакаат да ги искористат.
Потпишан е договор за реконструкција на седум улици во Велес и во Чашка (фото)
Инвестицијата на Министерството за транспорт и врски е во вредност од 65 милиони денари
Завршен е паркингот кај ОУ Блаже Конески
Изградбата чинеше 1,7 милиони денари обезбедени од општинскиот буџет
Намалувањето на цената на суровото масло и сончогледот на светските берзи , придонесе да се намали цента на маслото за јадење во земјава
За половина година цената падна од 160 на 110 денари за литар
Исплатен е кредитот за улично осветлување и водоснабдување на околината на езеро Младост
Останува дилемата во јавностa колку ефект и исплатливост имаше од овој кредит, кој граѓаните ги чинеше 62 милиони денари а беше земен во 2013 година
Протест на вработените од ЈП Македонски Пошти поради неисплатена плата за септември
Протестот траеше 30 минути, од 11 до 11,30ч. пред вратите на подружницата во Велес. Во овој период работеше шалтер за странки во Поштата
Ќоспето од Маслодајна нема кој да го купи, оти се намали сточниот фонд во земјава
Нус производот од преработка на сончогледот нема пласман во земјава
Владата го разреши раководството на „Колска“
Директорот Јанков е разрешен откако во времето на неговото раководење не направи долг, но не успеа да го врати наследениот
Вработените од „Колска“ наместо на протест пред Влада, го сопреа железничкиот сообраќај на станица во Велес
Вработените од Колска, не можеа да патуваат со воз, оти не купиле билети. Патниците кои во возовите чекаа со часови, револтирани оти протестот не бил најавен
АНКЕТА »