Случај Ореше, по втор пат укината пресудата
Укината е пресудата за браќата Ордан ( 39 год) и Љупчо ( 36 год) Георгиевски обвинети за нарачано убиство и од попладнево тие се на слобода. Се очекува наскоро од САД да биде испорачан обвинетиот за нараачател на убиството, македонецот Ѓоре Петровски
Велешанец се бори за живот по пожар во семејната куќа
Пожарот се случил во неделата половина час по полноќ, во куќа во која немало ниту вода ниту струја а поради местоположбата, Бричкова чешма, пожарникарите со мака интервенирале
Двајца велешани украле пола тон бакар
Од поранешната фабрика за вештачко ѓубре, двајцата осомничени украле 500 кг бакар
Краделе шини и сообраќајни знаци
Двајца велешани фатени на дело како крадат шини и сообраќајни знаци, за што заработија седум кривични пријави.
Запалени два автомобили, за 15-тина минути
Полицијата бара одговор, кој и зошто,опожари два автомобила во неделата ноќта, на две различни локации од градот
Тони Манџа во Велес, судот под полициска опсада
Двократниот убиец од Гевгелија, Тони Кечев-Манџа (32), кој во два наврати бегаше од земјава, под силно полициско обезбедување беше донесен во Основниот суд во Велес, кој неколку часа, додека траеше процесот, беше под вооружена опсада на специјалците
Свети 40 маченици во Севастија, 22 март
Празник на младоста и љубовта. Истиот ден Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за Христовата вера. Именден празнуваат: Младен, Младенка и др.
Започна селењето на инвентарот од Вила Зора
Надлежните од Фондот за здравство од некогашниот хотел земаа употреблив инвентар
Шумар земал поткуп од 150 евра
За да сведочи во корист на лице, кое било фатено при кражба на дрвја, шумарот побарал и добил 150 евра.
Промовиран извештајот на УНИЦЕФ за насилството врз децата
Извештајот содржи податоци од 33 земји вклучувајќи ги и податоците од Македонија. Во него се нагласува дека децата во нашата земја се повеќе изложени на тешко физичко казнување во споредба со децата од другите земји од регионот.Децата во Македонија добиваат шлаканица, удирање или тресење , како и потешки форми на физичко казнување како удирање со тврд предмет, ремен, стап или четка за коса и психолошка агресија, викање на дете, нарекување на детето глупаво, мрзливо или други навредливи имиња кога тие направиле нешто лошо.
Тодорова сабота, прва сабота по Прочка
За време на владењето на овој цар извршена е најжестока хајка против христијаните. Тогаш настрадал и Светиот Великомаченик Теодор.
АНКЕТА »



